Референтна листа

Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта "Македонијапат" има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои: редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта, проектирање на помали објекти на патиштата, асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки, проектирање, изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на патишта, автоматско и рачно броење на сообраќајот, катастар на патишта и мостови, информативна служба за состојбата на патиштата и друго.

АД „Електрани на Македонија“ или скратено ЕЛЕМ е акционерско друштво во сопственост на државата кое е најголемиот производител на електрична енергија во Република Македонија. Со своите капацитети обезбедува околу 90 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија. Примарната дејност на компанијата не е само производство на електрична енергија туку и изнаоѓање нови енергетски извори и подигање на свеста за животната средина. Вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија е 1.414,4 мегавати, и тоа 842 мегавати во термо-капацитетите, 553,6 мегавати во хидрокапацитетите и 36,8 мегавати во ветерниот парк „Богданци“. Со овој капацитет АД ЕЛЕМ прозведува електрична енергија согласно потребите на тарифните потрошувачи.

ФЕНИ Индустри е пирометалуршка фабрика за производство на фероникел, сместена во Кавадарци, Македонија. Историски, ФЕНИ започна со работа во далечната 1982 година, но всушност во измината декада откако стана член на групацијата Кунико Ресурсис, достигна полн раст и развој. Со 849 вработени, денес ФЕНИ е една од водечките компании во земјата во однос на инвестиции, извоз, вработување и животна средина. Фени Индустри е фабрика која поседува две линии со ротациони печки и две правоаголни електро - печки кои се најголеми од тој вид во светот.

За време на своето постоење ДПГПУ (Друштво за Производство , Градежнишство, Промет и Услуги) ПРОТОТИП ДООЕЛ СКОПЈЕ прерасна во една од најзначајните градежни фирми во Република Макдонија и пошироко. Во својот богат и плоден пат на постојан подем, кој трае повеќе од 30 години, ДПГПУ ПРОТОТИП ДООЕЛ СКОПЈЕ ги достигна највисоките точки во сферата на градежништвото. Сè ова се телеми врз јасно зацртаните принципи на работа: долгогодишното искуство; динамичната и квалитетна изградба по цена прилагодлива за сите вкусови; коректниот и професионален пристап.

Податоците од следењето на побарувачката и зголемениот подем и раст на градежништвото во годините до 2005 год, укажуваа на потреба од неминовно зајакнување и формирање на независната Компанија – Бауер БГ Доо – Скопје, која со своите капацитети и кадар би дејствувала компетативно на повеќе полиња од градежниот сектор. Со голема амбициозност, професионалност и сериозност Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Бауер БГ“ Доо Скопје, со седиште на ул.„16-та Македонска Бригада“ бр.18 Скопје, Општина Гази Баба, е трансформирано и издвоено како посебен градежен субјект во склопот на поранешната градежна оператива на Рудници и Железарница – Скопје на ден 09.12.2005 год, со домашен капитал.

Градежната компанија ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје е основана во 1992г. која со повеќе од 25 години традиција успешно опстојува на домашниот пазар во областа на градежништвото и рударството. Постојано се стремиме да го прошириме нашето портфолио на услуги и производи со тоа што инвестираме во модерна опрема. Преку посветеноста во работата, а со тоа и преку учество во изградба на неколку круцијални проекти за домашниот пазар, ТРАНСМЕТ полека но сигурно ја заслужи довербата на пазарот. За време на своето постоење, ТРАНСМЕТ стана една од водечките компании на домашниот, но и на регионалниот пазар.

Друштвото за Градежништво БЕТОН - Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија, која е основана во далечната 1947 година со интеграција на неколку мали и слабо опремени тогашни претпријатија. Многу години поминаа од оние ударнички денови кога БЕТОН со елан и жар се вклучи во битката за издигање на Tатковината од пепелот на Втората Светска Војна. Низ годините, минувајќи низ многу етапи на трансформации на самото општество, со постојан, континуиран и динамичен развој, БЕТОН израсна во една од водечките градежни компании на Балканот.Денес БЕТОН е современа, високо технолошки опремена градежна компанија, подготвена да се носи со сите предизвици на модерната архитектура.

Акционерското Друштво Гранит беше формирано како компанија за конструкција на патишта за потребите на Социјалистичка Република Македониjа, согласно владината одлука на С.Р.Македонија бр.1235/52 на 24 ноември, 1952 година. Во следните 57 години, Гранит се трансформираше од државна компанија во Акционерско Друштво преку приватизацијата во 1996, што подоцна стана најголемото македонско претпријатие за изградба.

За време на југословенската ера, Гранит ги развиваше своите капацитети и стана компанија способна за извршување на покомплекси проекти. Откако Македонскиот пазар не можеше да го задоволи целосниот капацитет, Гранит се прошири и почна да учествува на меѓународни проекти.

Нашата приказна започнува во 2000 година во Велес Р.Македонија, како мала компанија.

Денес нашата компанија иам бработено 120 работници. Kако главна дејност на работење на нашата компанија воглавно се:

- Пескарење

- Антикорозивна заштита

- Термоизолација

- Пескарење и заварување на цефководи (иноксни и челични) ,

- Пескарење со сув лед (мраз) и друго...

Компанијата постепено се развива и проширува надвор од Р.Македонија таа со дејствување и работење е активна и во Р.Албанија и во Р.Црна Гора.

Во ЖИКОЛ интегритетот и вистината не се само обични ветувања. Тие се фундаментот на нашата работа исто како и сигурните темели врз кои ги градиме нашите идеи. Страста кон она што го работиме е моќна алатка во реализацијата на нашите цели.

Компанијата Бетон Плус има долгогодишна традиција и од своето основање се занимава со производство и испорака на свеж бетон, како и на проекти од областа на нискоградба.

Од самиот почеток компанијата настојува да ја оправда довербата на своите многубројни клиенти, преку професионална работа, постојан квалитет на производите и услугите и почитување на сите рокови. Резултатот од тоа е постојан раст во поглед на производството, продажбата и бројот на новите проекти.

Во склоп на компанијата се наоѓа каменолом во близина на Куманово, како и најсовремена механизација и апаратура, која е глобално призната и докажана.

Стентон Градба - Водечка градежна компанија во регионот која повеќе од 10 години го обезбедува пазарот со висококвалитетно производи и услуги од областа на градежништвото.

Како една од водечките компании во секторот на градежништвото ние постоиме повеќе од десет години на пазарот, обезбедувајќи комплетен опсег на производи и услуги од областа на градежништвото.

Вршиме ископ и сепарација на камен агрегат во сите фракции, производтство на бетон, проектирање, изградба и надзор на објекти од нискоградба, високоградба, хидроградба, мостови, патишта, транспорт на градежни материјали и други градежни работи.

За нас, градежништвото претставува еден посебен тип на уметност, уметност чија цел е да ги надмине очекувањата на клиентот и да понуди безбедност, квалитет, функционалност и естетика во еден краен продукт кој ќе го издржи временскиот тест.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

10 години работиме со љубов и максимална посветеност. 10 години ги градиме Вашите домови од соништата.

Рудпроект ДОО - Скопје е друштво од областа на рударството и градежништвото. Oсновано од страна на Градежен институт „Македонија“ - Скопје во 1977 година. Од 1994 година друштвото е со 100% приватен капитал. Во функција на проширување на дејноста, во периодот од 1998 до 2000 година, Рудпроект изврши комплетно геолошко истражување на наоѓалиштето за калцитски мермер „Зелениковец“ во Говрлево, Скопско. Наоѓалиштето за градежно-технички камен „Зелениковец“ според сложелноста на геологијата, димензиите, големината на рудното тело и промената, се вбројува во првата група и втората подгрупа на наоѓалишта на градежен камен.

U okviru preduzeća Teko Mining d.o.o. Beograd nalaze se četiri kamenoloma i jedna asfaltna baza. Kamenolomi u kojima se proizvodi kamen krečnjačkog porekla su Gradac - Batočina i Ladne Vode - Petrovac na Mlavi, dok se u kamenolomima Krš u Ljuboviji i Ćeramide na Rudniku vrši eksploatacija kamena eruptivnog porekla. Pored kamenoloma, Teko Mining d.o.o. Beograd se bavi i proizvodnjom asfalta izuzetnog kvaliteta na asfaltnoj bazi u Vinči.